Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малите хидроелектрани не уплатиле над 370.000 евра во буџетот за воден надоместок

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Околу 22,8 милиони денари за воден надоместок не било уплатено на буџетска сметка од страна на операторите со мали хидроцентрали, поради пропусти во постапката за издавање на концесии, констатира Државниот завод за ревизија во својот последен извештај објавен денеска.

Спиред ревизорите, малите хидроцентрали не уплатиле 41% од вкупно пресметаниот воден надоместок. Станува збор за мали хидроцентрали од кои најголем дел добиваат субвенции од граѓаните за проивзодство на струја.

Покрај тоа ДЗР открило дека при издавање на концесии за мали хидроцентрали воопшто не е правена процена на влијанието врз животната средина. Тоа предизвикува ризик врз животната средина, констатира ДЗР.

Државата им дала 90 милиони евра субвенции на малите хидроцентрали за струја која чинела речиси дупло поефтино на пазарот

Хидроцентралите почнувале да работат и да користат вода без регулиран воден надоместок односно бесплатно со што е направена штета на буџетот.

Концесиите биле издавани и врз основа на застарени хидролошки податоци. А имало слабости и во склучувањето на договори за концесии поради несоодветното планирање на мали хидроцентрали.

– На денешниот ден ќе имаме можност да ги презентираме утврдените состојби од страна на ревизорскиот тим за извршената ревизија на усогласеност на експлоатација на водните ресурси при производството на електрична енергија, малите хидроелектрани за периодот од 2012 – 2020 година каде како ДЗР имаме утврдено поголем број на препораки за изменување на состојбата, но во исто време и заштита на животната средина која претставува една од клучните цели за одржлив развој донесени од Обединетите Нации, изјави главниот државен ревизор Максим Ацевски.