Партиските смени на директорските позиции, за експертите се негативна пракса, која никако да се искорени.
Укажуваат дека не се почитуваат ниту законските прописи, кои го регулираат начинот на избор и на работење на пониските ешалони, со распишување конкурс и избор на најстручниот и најкомпетентен кадар.
Професорот Борче Давитковски смета дека држава не се гради со наместени кадри, од кои не може да се очекува одговорност.











