Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров предлага  за секое можно решение за спорот со Бугарија да се отвори дебата во парламентот

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Вицепермиерот за евроинтеграции Никола Димитров предлага за секое евнтуално моѓно решение за спорот со Бугарија да се отвори дебата и во македоснкиот Парламент.Опозицијата му порача дека е крајно време да се почне со реализација на препораките на ЕУ, особено во делот на корупцијата,јавната администрација и економскит еполитки.

Вицепремиерот Никола Димитров смета дека заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија треба да се почитуваат и да се продолжи дијалогот со Бугарија. Со оглед на тоа што спорот е прашање на нацијата и државата и ги надминува интересите на една или друга влада и со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска влада значајно место има Парлементот во Софија, Димитров предлага и во македонското Собрание да се отвори дебата.

Опозицијата смета дека во изминатите три години не постои сериозен политички притисок врз Бугарија    за решавање на спорот. На актуелната власт и порачуваат да ги засука ракавите и д апочне да ги реализира препораките за борбата против корупцијата, економската кризљ, јавната администрација.

ДУИ повика на национална сплотеност и политичка воља на двете страни за решавање на спорот.Во спротивно, предупредуваат дека неотпочнувањето на преговорите со унијата ќе има негативно влијание на спроведувањето на реформите.

 Јулијана Пешевска