Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ајдован Адемовски: После 15 години на нашиот универзитет се отвора факултет за дентална медицина и висока медицинска школа

/

пред 1746 дена

Сподели преку :

На Меѓународниот балкански универзитет, се отвори Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа, каде се опфатени стручни студиски програми за медицински сестри и акушерки.

На отворањето присуствуваа претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп и министерот за здравство Венко Филипче, претседателот на управниот одбор Меѓународниот балкански универзитет, Ајдован Адемовски, заменик-претседателот Есер Џевахир како и членот на Управниот одбор, Имер Селмани.

Универзитетот за практична настава на студентите, ќе соработува и со јавни здравствени установи ГОБ„8-ми Септември“, Универзитетски стоматолошки клинички цетар „Св.Пантелејмон“, ЗД Скопје.

Адемовски за Телма вели дека е горд што во фондациски универзитет каков што Меѓународниот балкански универзитет успеале да отворат стоматологија и висока медицинска школа.