Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССК: Зголемувањето на минималната плата ќе биде на товар на помалите претпријатија

/

пред 1746 дена

Сподели преку :

Сојузот на стопански комори е на ставот дека зголемувањето на минималната плата повеќе од 18.000 денари, ќе биде на терет на помалите претпријатија, кои ќе бидат втурнати во сива економија, односно повторно ќе исплаќаат пари во плик.

ССК се залага за раст на платите на вработените, но тој раст треба да биде последица на пазарни механизми, зголемена продуктивност на работната сила и на зголемена економска активност на бизнис секторот. Зголемување на платите како последица на политичка одлука ќе доведе до нарушување на ликвидноста на претпријатијата, раст на невработеноста и економска дестабилизација, велат од таму.