Не се исклучени отпуштања од работа, ниту затворање на фирми како последица на спроведување на законот за недела неработен ден и покачувањето на минималната плата на ниво од 18.000 денари, изјави во “Утринска на Телма”, Зоран Јовановски, потпретседателот на Стопанска комора, кој истакна дека дел од нивните предлози при подготвувањето на законот не биле прифатени.











