Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешните сопственици на „Славија“ водат судски спор, бараат продажбата да се запре

/

пред 1745 дена

Сподели преку :

Продажбата на „Славија“ бараат да се запре и поранешните сопственици на акции во оваа фирма. Имено тие веќе неколку години водат судски спорт околу начинот накој акциите им се одземени и доделени на Агенцијата за управување со одземен имот. Тужба во 2017 година е  одбиена но во моментов се води постапка по нивната жалба во скопскиот Кривичен суд и затоа тие сметаат дека продажбата не смее да се изведе.

Сопствениците преку нивниот адвокат најавија и дека ќе се обратат до Комисијата за хартии од вредност.

Според одлуката на Владата од 30 ноември, „Славија“ ќе се продава на аукција идната недела а почетната цена за пакетот акции е 218 илјади евра. Имотот на „Славија“ не е официјално проценет исто како и долговите кон доверителите и поранешните вработени. Проценките се дека поранешниот гигант располага со имот вреден над 10 милиони евра.