Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Омикрон ги погоди авиокомпаниите: откажани повеќе од 200 летови

/

пред 1744 дена

Сподели преку :

Водечките американски авиокомпании Јунајтед ерлајнс и Делта ерлајнс откажаа повеќе од 200 летови поради ширењето на варијантата Омикрон меѓу нивните вработени.

Јунајтед ерлајнс со седиште во Чикаго откажа 120 летови, додека  Делта ерлајнс со седиште во Атланта откажа 90 летови.

И двете компании изјавија дека работат на контактирање со патниците за да не останат заглавени на аеродромите.

„Зголемувањето на случаите на Омикрон на национално ниво имаше директно влијание врз нашите екипажи и луѓето што ги водат нашите летови. Како резултат на тоа, за жал моравме да откажеме некои летови и да ги известиме нашите клиенти погодени од откажувањата пред тие пристигнете на аеродромот“ соопшти Јунајтед ерлајнс.

Од „Делта“ соопштија дека пред да ги откажат летовите, ги исцрпиле сите опции и ресурси, вклучително и пренасочување и замена на авионот и екипажот за да ги покријат планираните летови и дека на крајот морале да донесат одлука за откажување.