Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едногодишно дете-сираче починало од Ковид пред 4 недели, пријавено е денеска во билтенот на ИЈЗ

/

пред 1744 дена

Сподели преку :

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021.

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола .

Детето повеќекратно  наназад било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на основните заболувања: Остеохондродисплазија, Епилепсија , Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија.

До денот на  последната хоспитализација, детето е  хоспитализирано во Клиничка болница Битола  каде  поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021  кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид 19 , е упатено  во ИБЗД Козле.

По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64%, а во претходен договор, од ИБЗД Козле детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер,   за понатамошен третман и соодветно лекување.

Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар  кое од денот на прием е на механичка вентилација,  се одвива  од 24.11.2021 до 29.11.2021 година , кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и  реанимација , завршува летално.