Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стоилковски го обвини Забрчанец дека владата ги пишувала вестите во 1ТВ – тој ги отфрли наводите како лажни и манипулативни

/

пред 1743 дена

Сподели преку :

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски,  користејќи го писмото на Боки 13 испратено до медиумите,  го обвини националниот кординатор  за комуникациска стратегија на Владата, Маријан Забрчанец, дека содржината на вестите на 1ТВ биле пишувани и уредувани од Владата.

Ги отфрлам како целосно неточни, лажни и манипулативни наводите изнесени на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно управување или контролирање новинари или медиуми, вели националниот координатор за стратегиски комуникации  во Владата, Марјан Забрчанец во реакцијата на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

“Како одговорен за комуникации и односи со јавноста во Владата имам обврска да бидам во дневен контакт со новинари, медиумски работници, уредници и одговорни лица во медиумите. Тоа е суштината на професијата односи со јавноста“, наведува Забрчанец во реакцијата објавена на неговиот фејсбук-профил.

Тој потенцира дека со Бојан Јовановски комуницирал исклучиво службено и професионално.