Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Превентивни тестови при влез во државата за контрола на ширењето на Омикрон сојот од корона вирусот

/

пред 1742 дена

Сподели преку :

Потребни се превентивни мерки и тестирања со антиген тестови за влез во државата, особено во претпразничниот период кога ќе има голема фреквенција на границите.

Гевгелискиот епидемиолог доктор Сашо Олумчев вели дека тестирањето ќе ни биде показател како се шири вирусот омикрон и како да се постапува понатаму.

Олумчев вели дека мора да има контрола не само на границите, туку и почитување на основните мерки за заштита од вирусот, како и да се избегнуваат групирања, за да не се направи оптоварување на здравствениот систем.

Вирусот омикрон веќе е детектиран во земјава. Лекарите предупредуваат дека наскоро тој ќе биде доминантна варијанта на ковид-19, бидејќи брзо се шири.

Сузана Мицева