Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Во знак на поддршка на лицата со ретки болести на дното на Охридското езеро поставена е новогодишна елка

/

пред 1741 дена

Сподели преку :

Дваесеттина нуркачи од клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, засилени со колеги од нуркачкиот клуб „Пена“ од Тетово,  поставија новогодишна елка во бистрите води на изворите на Дрим.

Нуркачите на овој начин ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести.

– За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите.

Клубот за подводни дејности „Охрид“ во кој членуваат нуркачи од сите генерации, функционира повеќе од три децении.