Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се враќаат ноќните линии на ЈСП откако за време на пандемија „исчезнаа“ од скопските улици

/

пред 1740 дена

Сподели преку :

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје, соопштија од град Скопје.

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се достапни на веб страницата на ЈСП Скопје (http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=2300).

Ноќен превоз не се применуваше од почетокот на пандемијата. Од град Скопје соопштија дека со потегот „за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години.“

Од вчера пак на сила се мерките против загадување со што е воведен бесплатен превоз со градските автобуси, а градот Скопје им препорача на скопјани да ги остават автомобилите и доколку имаат потреба од излегување да користат градски превоз.