Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По трет пат се отвора „Јавна соба“ на Телеграм

/

пред 1739 дена

Сподели преку :

На социјалната мрежа Телеграм отворена е нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија.

Групата за еден ден брои 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа.

Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.

Тогаш групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група. ОЈО во месец април по силни реакции во јавноста, поднесе обвинение прототив две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Од Основниот кривичен суд – Скопје за Телма кусо одговорија дека утре продолжува судењето за случајот „Јавна соба“ против двајца обвинети лица.