Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мијалков излезе од Шутка, вели нема да бега

/

пред 1739 дена

Сподели преку :

Екс директорот на УБК Сашо Мијалков вечерва излезе од притвор откако Апелациониот суд ја прифати жалбата на одлуката на Кривичниот суд  со која му беше одреден 30 дневен притвор за случајот „Плацеви на Водно“. На новинарите кои го чекаа пред затворот „Скопје“ само кратко им порача дека нема да бега.

Адвокатите на Мијалков велат дека со ова се потврди дека се во право.

Ова доаѓа откако претходно исто така Апелациониот суд ја прифати гаранцијата дека Мијалков нема да бега која беше во имот вреден 11 милиони евра. тој беше во притвор уште од февруари годинава, за предметот Трезор, па минатонеделната одлука значење дека ќе излезе на слобода.

Но, истиот ден обвинителката Лиле Стефанова побара притвор по предметот Плацеви на Водно во кој исто така му се суди на Мијалкови, а Кривичниот суд во Скопје го одобри.

Екс началникот има две неправосилни пресуди од вкупно 20 години затвор, и неколку судења кои се во тек.