Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две тела на сопружници пронајдени во паднат автомобил во реката Радика

/

пред 1739 дена

Сподели преку :

Маж и жена, сопружници биле пронајдени мртви во автомобил, паднат во реката Радика, покрај патот Маврови Анови-Дебар.

Според СВР Тетово, денес добиле пријава дека во водите на Радика е забележано патничко моторно возило „југо“ со дебарски регистарски таблички, кое најверојатно излетало од патот.

На терен излегле полициски службеници од полициското одделение во Ростуше, а била повикана противпожарната единица и возило на итна помош од Дебар. Откако екипите го извлекле автомобилот во него биле пронајдени две лица без знаци на живот. Утврдено било дека се работи за маж на возраст од 64 години и неговата 60 годишна сопруга од селото Житинани, Општина Центар Жупа.

Од страна на Јавен обвинител и ОВР Гостивар бил извршен комплетен увид, а по наредба на обвинител телата на починатите се предадени на обдукција. Причините и околностите дополнително ќе се утврдуваат.