Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Мразмагедон“ ѝ се заканува на дел од Алјаска, додека остатокот забележува рекордно високи температури

/

пред 1739 дена

Сподели преку :

Најстудената американска сојузна држава Алјаска во неделата го забележа најтоплиот ден во овој период на годината, откако на островот Кодиак беше регистрирана температура од 19,4 степени. Но во остатокот од северната држава температурите паднаа под рекордот забележан за декември. Во југоисточниот град Кечикан на Божиќ беа измерени -18 степени, најниската температура измерена во градот изминатите 100 години.

Драстичните разлики во температурите ги натераа властите да издадат предуредувања за „мразмагедон“, затоа што обилните врнежи од дожд и снег предизвикаа појавување на мраз на патиштата, цврст како цемент.

Метеоролозите велат дека топлиот воздух кој доаѓа од Хаваи го направиле повлажен воздухот во Алјаска, кој во овој период од годината вообичаено е сув и студен. Тие ги предупредија жителите на внатрешнито дел од Алјаска да очекуваат поројни дождови и обилни снежни врнежи, што значи дека мразот на патиштата нема да се стопи дури до април.