Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховниот суд ја потврди пресудата за осудените за крвопролевањата во Диво Насеље

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

Врховниот суд на државата ја потврдил осудувачката пресуда за 7 члената ткн “кумановска група”, одговорна за престрелките во населбата Диво Насеље.

За адвокатите на одбраната, ваквата одлука претставува флагрантно кршење на законот, бидејќи не биле земени предвид доказите на одбраната. Тие најавуваат и дека ќе се жалат пред судот во Стразбур.

Овие 7 лица беа осудени на доживотен затвор заради предизвикување на крвопролеавањето на 9-ти и 10-ти мај 2015-тата година, кога беа убиени 8 припадници на полицијата а 40-тина беа повредени.

Обвинителството овие лица ги обвини за тероризам и терористичко дејствување и бараше максимални казни за нив.