Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сајнц најбрз на третата етапа на релито Дакар

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

Карлос Сајнц триумфираше на третата етапа на релито Дакар, што оваа година се вози во Саудиска Арабија. Насер Ал Атија го задржа водството во генералниот пласман кај автомобилите иако денеска заврши како осми.

Сајнц на скратената етапа од 255 километри од Хаил до Ал Куаисума славеше пред возачот на Тојота Хенк Латеган од Норвешка. За Шпанецот, кој е трикратен освојувач на Релито Дакар, ова беше јубилејна 40-та победа, но прво за Ауди. Германскиот производител годинава настапива со прототип хибриден мотор.

Тимскиот колега на Сајнц, Стефан Петерхансел финишираше на третото место.  Во генералниот поредок кај автомобилите, Насер Ал Атија кој денеска финишираше како осми останува лидер со 37 минути предност пред Себастијан Леб.

Кај Мотоциклите денеска на третата етапа триумфираше Хоаким Родригеш пред Тоби Прајс и Мејсон Клајн.