Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Енергетска криза во Косово: Забрането ископување криптовалути

/

пред 1732 дена

Сподели преку :

Косовската министерка за економија Артане Ризваноли стави забрана за ископ на криптовалути поради енергетската криза. Причина за ваквата забрана е големата количина на електрична енергија што ја користат компјутерите од високата класа.

Наведувајќи дека е формирана комисија за вонредни мерки во дистрибуцијата на електрична енергија поради енергетската криза во земјава, Ризваноли најави дека утврдувањето на местата каде што се произведуваат крипто парите ќе се врши со поддршка на надлежните институции.

Министерката Ризваноли посочи дека одлуката е донесена во рамките на итните мерки во снабдувањето со енергија, со што ќе се придонесе за надминување на енергетската криза во земјава без дополнително оптоварување на граѓаните на Косово.

Во Косово, кое се соочува со најсериозната енергетска криза во последната деценија, во декември беше прогласена шеесетдневна вонредна состојба. Четириесет проценти од потребите за струја земјава ги увезува од странство. Поради кризата, низ Косово периодично има прекини на струја.