Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските Бугари ја повикуваат Софија да не тргува со нивните права

/

пред 1732 дена

Сподели преку :

Итно впишување на Бугарите во македонскиот Устав и еднаквост со другите заедници во Северна Македонија, бараат македонските Бугари во писмо до водечките бугарски политичари.

Македонските Бугари ги повикуваат бугарските власти да не прават никакви отстапки кон Скопје, ниту да тргуваат со ветото во замена за укинувањето на американските визи и прием во Шенген зоната.

„Клучот за идното проширување на Европската унија мора да биде еднаквоста и благосостојбата на сите народи во регионот и на оние делови од нив кои, по основа на сложената балканска историја, сега живеат во соседните земји, меѓу други нации”, се наведува во заедничкото писмо на повеќе организации на македонските Бугари во Македонија, испратено до бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков, претседателот на Народното собрание Никола Минчев и претседателите на пратеничките групи на политичките партии.