Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србија ги прекина подготовките за ЕП

/

пред 1732 дена

Сподели преку :

Се поголемиот број на инфицирани ракометари со корона вирусот им задава огромен проблем на селекторите на националните тимови во пресрет на почетокот на Европското првенство.

Во најтешка ситуација очигледно се наоѓа селекцијата на Србија која мораше за момент да ги прекине подготовките.

Во моментов дури шестмина репрезентативци се наоѓаат во изолација и според актуелниот протокол на ЕХФ тие нема да настапат на шампионатот бидејќи мора да бидат во изолација во следниве две недели.

Дополнителен проблем е и фактот дека позитивни на инфекција со корона вирусот се и селекторот Тони Џерона и уште неколку членови на стручниот штаб.

Доколку ЕХФ не направи измени во протоколот се доведува во прашање настапот на Србија на првенството која е во група со Франција, Хрватска и Унгарија.

ФОТО: Игор Паневски