Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска нови 1725 ковид болни, најголема дневна бројка од почетокот на пандемијата во Македонија

/

пред 1731 дена

Сподели преку :

Во Македонија денеска е поставен рекорд по број на новозаразени од корона вирусот. Во изминатите 24 часа се направени 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи. Досега најмногу заболени во едно деноноќие беа регистрирани на 30-ти март 2021,-ва кога имаше вкупно 1511 новодијагностицирани.

Процентот на позитивни од тестирани за денеска изнесува 23,08 %. Скопје е над 1000 случаи, а Битола и Прилеп имаат над 100 дијагностицирани нови случаи.

Бројките по градови изгледаат вака:

Скопје – 1028, Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани се 2 починати лица:  по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Од почетокот на пандемијата досега починале 8.002.

Оздравеле 332  пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 8 209, а само пред три дена бројката на кативни случаи изнесуваше 4817 заболени од корона