Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма репортажа: Траорна слика о Малешевскиот регион по големиот шумски пожар во август

/

пред 1729 дена

Сподели преку :

Траорна е сликата во Малешевскиот регион по големиот шумски пожар во август минатата година. Огнените јазици и официјиално проголтаа над 5.000 хекатри шума во Пијанечко Малешевскиот регион. По четири месеци од најголемиот пожар во источниот регион тешко оди обновата на шумата, но и обештетувањето на сопствениците на приватни шуми, сточарите, пчеларите и овоштарите. Во општините Берово и Пехчево доставени се вкупно 170, од кои само 150 се во Пехчево. Во моментов и во двете општини постапката е заглавена во обезбедување на документација и изработка на елаборати.

Околу 40 % од шумата која изгоре во овој регион е во приватна сопственост, а со останатите 60 % стопнисува Македонски шуми. На местото на изгорените стебла за една година се очекува да се појават млади фиданки.

Во беровското село Будинарци веќе се слуша звукот на моторната пила, дел од сопствениците почнале со чистење на шумите, а  сточарите кои ги произведуваат брендираното малешевско сирење и јагне трпат големи загуби, бидејќи овците сега мора да ги хранат со скапа сточна храна.

Пред дваесет дена Малешевијата ги почувтсвува негативните ефекти од намалениот шумски фонд од пожарите, се излееја притоки и реката Брегалница.  Неколку мостови беа урнати, а оштетено е и речното корито на Брегалница. Соколовски кој за време на пожарите за Телма рече дека Малешевијата без шуми е исто како Дубровник без море, порача дека сега на потег се институциите, кои во моментов го прават новиот закон за шуми.

Викторија Јованова