Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ројал Турс“: Немаме никаква поврзаност со „Беса Транс“

/

пред 1729 дена

Сподели преку :

Сопствениците на агенцијата „Ројал Турс“ ги отфрлаат тврдењата дека имаат било каква поврзаност со агенцијата „Беса Транс“ и сопственикот Беким Хаџиу.

Според нив, наводите за поврзаност со нивниот соселанет Хаџиу се шпекулација бидејќи немаат никаков контакт или соработко со него.

По основањето на агенцијата „Ројал Турс“ во декември минатата година, сопствениците ги купиле комбињата кои ги користел „Беса транс“ со кои во моментов вршат транспорт на патници и се во процес на нивно  брендирање.

Истото се однесува и за компанијата „Аљди Транс“ со која исто така превезуваат патници и за која појаснија дека е подружница на „Ројал Турс“ и нема никаква поврзаност со Хаџиу или „Беса Транс“.