Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хектор убедливо на првото место во Грањска Гора

/

пред 1729 дена

Сподели преку :

Сара Хектор стигна до својата втора сезонска победа во Светскиот куп во алпско скијање откако денеска беше најбрза на велесаломот во Грањска Гора.

Швеѓанката имаше фантастично второ возење и со време од 2:15,79 минути стигна до триумфот пред Французинката Теса Ворли, која имаше речиси една секунда заостанување. На подиумот како третопласирана се искачи Марта Басино од Италија.

Во велеслалом води Хектор со 362 бода пред Микаела Шифрин со 316. Американката денеска финишираше на седмото место, но останува лидер во генералниот пласман со 866 бодови, пред Петра Влхова, која има 731 бод.

Утре во Крањска Гора скијачките ќе се натпреваруваат во слалом.