Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барди асистираше, Леванте до прва сезонска победа во Ла Лига

/

пред 1729 дена

Сподели преку :

Леванте конечно го запиша премиерниот сезонски триумф во Ла Лига откако со 2-0 ја совлада Мајорка во рамки на 20.коло.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше во почетниот состав на тимот од Валенсија и беше асистент на првиот гол на тимот, што го постигна Роберто Солдадо во 47.минута. Гостите во 69.минута не реализираа пенал, односно домашниот голман Аитор Фернандез одбрани. Барди играше до 85.минута. Хозе Луис Моралес го постигна вториот гол за домашните длабоко во судиското продолжение.

Леванте и покрај победата и натаму е убедливо последен во шпанската елита со 11 бодови од 20 одиграни натпревари и го очекува грчевите битка за опстанок.