Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

22 лица замрзнаа во страотна снежна виулица во Пакистан

/

пред 1728 дена

Сподели преку :

Повеќе илјади луѓе кои беа заробени во возилата во смртоносната снежна виулица во северен Пакистан биле пренесени на безбедно во големата спасувачка операција за чистење на снежните наноси на патиштата.

Најмалку 22 луѓе ги загубиле животите, вклучувајќи едно 8-члено семејство и уште едно семејство од 5 лица.

Најголем дел од жртвите замрзнале во возилата откако во текот на ноќта температурите се симнале 10 степени под нулата.

“Минатата ноќ извадивме околу 1000 возила од овде. Лоша е ситуацијата во Кулдана и Бариан. Наредивме тешка машинерија да го чисти снегот и додека таму се чисти, ќе го исчистиме и овој дел. Сега имаме заглавени возила во Кулдана и Бариан. Околу 80 до 90 отсто од патот е чист. Ги запревме луѓето кои одеа пеш и сообраќајот од Равалпинди” – изјави пакистанскиот министер за внатрешни работи, Шеик Рашид Ахмен.

Според полицијата, речиси 500-тини семејства останале изолирани во своите возила, откако најголем дел од нив се упатиле кон градот Мурии каде сакале да уживаат во снежните врнежи. Тоа што се случило беше страотно снежно невреме при што на патишата околу популарниот туристички центар Мурии, 50-тина км северно од Исламабад, паднал речиси 1,5 метар снег во текот на ноќта, целосно блокирајќи го пристапот до регионот.

Луѓето кои успеале да преживеат откако останале заробени во возилата сега се на безбедно, при што дел од нив се сместени во засолништа во градот Мурии, кој се наоѓа на надморска височина од 2 300-та метри. Иако овој град се соочува со недостаток од гас за греење и вода, локалните жители и ресторани помогнале за сместување на своите сограѓни, носејќи храна и покривки за нив.

Никола Илиевски