Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воз налета на авион кој принудно слета, пилотот спасен неколку секунди пред сударот

/

пред 1727 дена

Сподели преку :

Полицијата во Лос Анџелес, Калифорнија извлекла пилот од мал авион „Цесна“ што се урна на пруга неколку секунди пред возот да удри во авионот,

Драматичното видео во сопственост на Ројтерс покажува како неколку полицајци ослободуваат маж од паднат авион, кој се урнал набргу по полетувањето во областа Пакоима, објавија локалните медиуми.

Полицијата и пилотот биле на само неколку метри од пругата кога воз што поминувал го уништил авионот.

 

„Авионот не успеа да полета и слета на железничка пруга на сообраќајна раскрсница“, рече Луис Хименез кој го снимил видеото.

Пилотот се здобил со исеченици и модринки, но тој е во стабилна состојба. Во возот нема повредени, јавуваат локалните медиуми.

На видеото објавено од полициската управа во Лос Анџелес на Твитер се гледа како полицијата го извлекува пилотот од авионот.

Одделот на полицијата ги пофали своите вработени и преку Твитер објави дека „покажале херојство и брза акција спасувајќи го животот на пилотот кој бил принуден да слета на железницата“.