Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кина по втор пат спроведува масовно тестирање во градот Тијанџин

/

пред 1725 дена

Сподели преку :

Жителите на северниот кинески град Tианџин ќе бидат подложени на втор круг тестови за коронавирус. По вторпат ќе бидат тестирани за Ковид-19 сите 14 милиони жители на метрополата, по налог на локалните власти.

Мерката е потребна откако првите тестови, кои започнаа во неделата, открија 97 случаи на инфекција со сојот Омикрон.

Во очекување на резултатите од новите тестови, жителите на градот се повикани да останат дома.

Тијанџин е само околу еден час од Пекинг, кој е домаќин на Зимските олимписки игри, кои започнуваат на 4 февруари.