Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Извршени девет експлантации од починат донор, 16 пациенти добија бубрези, петмина срце, а кај осум се трансплантирани коскени ткива

/

пред 1725 дена

Сподели преку :

Минатата година во земјава се направени девет експлантации од починат донор и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива, соопшти Универзитетската клиника за ортопедски болести.

На осум пациенти, од кои четворица со малигна болест им е трансплантирано здраво коскено ткиво. Интервенциите кај сите осум пациентите кои добија коскено ткиво од починат донор, беа изведени на Клиниката за ортопедски болести. Пациентите во најголем дел се млади лица кои имаа сериозни здравствени проблеми кои влијаеа на квалитетот на нивниот живот. Националниот координатор за трансплантација, д-р Маја Мојсова уште еднаш го истакна значењето на органодонорството како предуслов за развојот на еден трансплантациски програм. Одлука на семејствата да се донираат органите значи не само хуманост и надеж за пациентите, туку и верба во здравствениот систем, вели д-р Мојсова.