Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Огромна експлозија во центарот на Бејрут

/

пред 2251 дена

Сподели преку :

Огромна експлозија се случи во главниот град на Либан, Бејрут. Повредени се луѓе, а предизвикана е штета на пошироката околина,  скрешни се прозорци на зградите, оштетени автомобили, а небото е исполнето со чад. Сопствениците на околните станови сведочат дека живеалиштата им се исполнети со прав и чад и бараат помош.

Снимките од блиското пристаниште ја пренесуваат големата штета предизвикана од експлозијата, а според локалните медиуми станува збор за експлозија која се случила во складиште каде се чувале запалливи материи. Што ја предизвикало екпслозијата се уште не се знае.

Засега нема информации за жртви, но Црвениот крст веќе испратил 30 тимови на лице место, во центарот на градот. Медиумите јавуваат и за луѓе кои лежат низ улиците, и велат дека следува долга ноќ.