Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Твитер повторно достапен во Нигерија – владата ја укина забраната по повеќе од половина година

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Твитер повторно стана достапен во Нигерија, откако Владата сооЍ шти дека ќе ја укине забраната за веб-страницата за микроблогирање што е во сила седум месеци.

По разговорите со американската компанија, договорено е Твитер да отвори канцеларија во Нигерија, изјави владин претставник, без да открие повеќе детали, јави ДПА.

Забраната е укината од ноќеска на полноќ по локално време.

Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари на 5 јуни даде инструкции да се затвори платформата во земјата со околу 200 милиони жители.

Претходно, Твитер ја избриша контроверзната порака од претседателот за граѓанската војна во Нигерија и го суспендираше профилот на шефот на државата на 12 часа.

Нигериската Влада тогаш не даде конкретна причина за суспензијата. Сепак, беше наведено дека платформата постојано се користела за „активности кои би можеле да го поткопаат постоењето на Нигерија“.