Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борис Џонсон соочен со барање да си замине од функцијата

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со барања од јавноста да си замине од функцијата, откако на јавноста и призна дека имал мала забава во градината од Даунинг Стрит 10, каде се наоѓаат и владиниот кабинет, но и неговиот приватен дом додека е на функција.

Но, забавата, која според Џоносн траела 25 минути се случила на 20 мај 2020-та година, во време кога земјата беше во строг карантин.

Џонсон и се извини на јавноста, објаснувајќи пред пратениците дека по напорниот состанок сакал едноставно да им се заблагодараи на колегите и ги поканил на пијалок во градината. Ќе следува истрага од полицијата, но за опозицијата неговото извинување е целосно неискрено, и срамно, со оглед на огромниот број жртви кои животот го загубија поради ковидот.

На страна на Џонсон застанаа првите луѓе од кабинетот, но не и неговите сопартијци кои се приклучија на барањата на опозицијата тој да се повлече од функцијата.