Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема траги на насилство на телото на починатата поранешна полицајка во Охрид

/

пред 1723 дена

Сподели преку :

-Првично нема траги на насилство на телото на починатата 42-годишна жена чие беживотно тело е најдено вчера во 16.00 часот во стан во Охрид. Обвинителството нареди обдукција, ни одговорија од СВР Охрид.

Починатата е поранешна полицајка во СВР Охрид. Причините за смртта ќе ги утврди обдукцијата и ќе бидат објавени дополнително.

Беживотното тело го нашол член на семејството на починатата поранешна полицајка, а до доцна синоќа се вршеше увид во станот каде е најдена жената и се земале изјави од соседите.

Починатата била дел од СВР Охрид до пред 4 години.