Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Скопје е поставена уметничка инсталација насловена како „Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација„

/

пред 1723 дена

Сподели преку :

„Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација„ е насловот на денешната уметничка акција, посветена на проблемот со парното греење во Скопје.

Како дел од акцијата, реплики на пингвини беа поставени на неколку локации низ Скопје и ги претставуваа Скопјани кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори, со што нивните домовите наместо станови заличуваат на поларни куќарки – игла.

– Со овааа акција исто така сакаме да ги предупредиме скопјани кои се затоплуваат со централно парно греење дека се поизвесно е дека од утре заради немањето гас за Топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада – БЕГ – Регулаторна комисија,  е можно парното во нивните домови на овие минусни температури да биде слабо или да го нема, а тие да се чуствуваат како пингвини, стои во соопштението од Центарот за современи уметност.

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи уметности, и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.