Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија оди на првата победа на првенството

/

пред 1722 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација денеска од 18 часот против селекцијата на Црна Гора ќе го одигра вториот натпревар на континенталното првенство.

По стартниот пораз од Словенија на избраниците на селекторот Кирил Лазаров потребна им е победа за да се задржи во трката за пласман во вториот круг на шампионатот.

На големите натпреварувања до сега само еднаш сме се сретнале со Црногорците и тоа пред четири години кога во Загреб на Европскиот шампионат славевме со 29:28 и со таа победа го отворивме патот кон настап во главната рунда.

Со денешниот противник сме одиграле и голем број на контролни натпревари од вкупно осум имаме шест победи во низа, еден нерешен резултат и само еден пораз и денешниот меч е одлична шанса нашата селекција да ја продолжи триумфалната низа.

ФОТО: Петр Стојановски