Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Босна секое второ тестирано лице позитивно на ковид

/

пред 1722 дена

Сподели преку :

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 1.758 нови случаи на коронавирус, од вкупно 3.477 тестирани лица.
Секое второ лице тестирано е позитивно на коронавирус.

Шеснаесет лица починаа, по осум во Република Српска и во Федерацијата БиХ.

Во ФБиХ од тестирани 2.989 лица, коронавирус бил потврден кај 1.496. Нови случаи се регистрирани во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен во кантонот Посавина.

Во Република Српска тестирани се 334 лица, а кај 172 е потврден коронавирусот.

Бета пренесува дека во бањалучката Поликлиника со денови има огромни редови, а поединци со симптоми не можат да се тестираат бидејќи има недостиг од ПЦР тестови.