Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од денеска казни за невакцинираните граѓани над 60 години во Грција

/

пред 1721 дена

Сподели преку :

Невакцинираните граѓани во Грција кои се над 60-годишна возраст и досега не примиле барем една доза од вакцината ќе бидат казнети со парична казна од 50 евра за јануари и по 100 евра за секој нареден месец, со оглед на тоа дека од денеска стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на конкретната старосна група.

Казната ќе ја заверува и наплатува Независната управа за јавни приходи, а собраните средства ќе се користат исклучиво за зајакнување на националниот здравствен систем во битката со пандемијата. Од задолжителната вакцинација ослободени се оние кои прележале Ковид-19 во последните 180 дена, оние кои се вакцинирале во странство, како и оние кои имаат докажани здравствени причини кои ги спречуваат да се вакцинираат. Од конкретната старосна група, вакцинирани се девет од десет граѓани, а невакцинирани, според грчките медиуми, се над 300.000 лица.

Кога беше соопштена одлуката на крајот на ноември околу 580.000 граѓани беа невакцинирани, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис мерката ја оцени како успешна, со оглед на тоа што, според него, од моментот кога беше најавена задолжителната вакцинација „речиси половина од невакцинираните одбраа да се вакцинираат“.