Три клупи завршија во езерцето во Градски парк, а една мобилна тоалена кабина била отпревртена, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.
Оттаму апелираат до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата.











