Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Тетово денеска се скока по светиот крст

/

пред 1720 дена

Сподели преку :

Тетово е единствениот град во земјава каде се скока по светиот крст и ден пред Водици. 24-годишниот Нинослав Дамјановски беше најсреќен да го фати крстот на денешната прослава на празникот Водокрст во црквата Пресвета Богородица. Тој учестува во ваков чин по четврти пат.

Горан Хаџи Илоски Чајка е меѓу првите учесници во традицијата за празникот во оваа тетовска црква. Тој вели дека треба да се покрене иницијатива наместо во базен, крстот треба да се спушта во реката Пена.

Централната прослава на празникот Водици во Тетово ќе се одржи утре во Соборниот храм Свети Кирил и Методиј, а овој празник ќе биде одбележан и во сите околни населени места со осветување на водите и спуштање на крстот во црковните базени или реките.

Данијела Билбилоска