Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје и Софија ќе се поврзат авионски – македонскиот и бугарскиот премиер најавија воведување авионска линија за два месеци

/

пред 1720 дена

Сподели преку :

За околу два месеци треба да биде воспоставена авиолинија од Софија до Скопје, најави бугарскиот премиер Кирил Петков, кој нагласува дека од сега натаму добрососедството меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе се мери со конкретни реализирани чекори и цели, а не само преку политички изјави.

– Денеска јасно изјавуваме дека линијата Софија – Скопје ќе биде реалност. За она за што се ангажираме е дека за 30 дена ќе имаме точни специфики, а за 60 денови таа линија ќе биде воведена во функција. Така што, кога ќе почнеме да работиме со точни резултати ќе дадеме можност на народите од двете земји да можат слободно да патуваат, слободно да прават бизнис, рече Петков на прес-конференција по средбата со неговиот колега Димитар Ковачевски.

Многу сум среќен, додаде Петков, што можам да кажам дека оттука натаму добрососедството ќе се мери со реални постигнати цели и резултати.

– На ваков начин ќе им покажеме на двата народа од двете земји дека добрососедството се мери практично, не само на ниво на политички изјави, туку на ниво на реални резултати на бизнис и работа и на ниво на патување од Софија до Скопје за 20 минути, истакна бугарскиот премиер Петков.