Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во петок ЕСМ го превзема работењето на БЕГ и Скопје Север

/

пред 1720 дена

Сподели преку :

ЕСМ ги превзема двата снабдувачи со топлниска енергија БЕГ и Скопје Север во петок и до крајот на сезонот ќе биде здолжено за набавка на гас и испоака на топлинска енергија. Скопјани ќе имаат топли радијатори до крајот на сезоната, уверува министер за економија Крешник Бектеши. Кризата со парно греењето во скопје ќе го чини 6 милиони евра покажуваат сегашѓните проценки. Сите трошоци до 21 јануари двата снабдувачи ќе ги си подмират сами.

ЕСМ официјално од петок ќе почне да раководи со БЕГ и Скопје Север и ја превзема одговорноста да ги снмабдева скопјани со топлинска енергија откако овие две комапнии не ги исполнија обврски и ги оставија граѓаните со ладни или млаки радијатори. Договорот за превземање ќе биде потврден на седницата на Владата која ќе се одржи во четврток а ЕСМ ќе управува со двата снабдувачи до крајот на грејната сезона.

Финансиското работење комплетно ќе го првземе ЕСМ, парите нема да легнуваат на сметката на БЕГ, а моменталните проценки се дека кризата со парно греењето ќе чини 6 милиони евра, кои ќе се надоместат од Буџетот за да се плати разликата меѓи актуелната и реалната цена.  Парите ќе се црпат од ставка во Буџетот за 20202 година каде има 100 милиони евра наменети за справување со пандемијата на коронавирусот и енергетската криза.

Сите трошоци за набавка на гас заклучно со 21 јануари, БЕГ и Скопје Север ќе си ги платат сами.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Град Скопје.

Огнен Чанчаревиќ