Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општината ги заборави кучињата скитници кои гладни и премрзнати сеат страв низ тетовските улици

/

пред 1720 дена

Сподели преку :

Фотографиите се направени во центарот на Тетово.
Ваквата слика е вообичаена особено во вечерните и утринските часови. Кучиња скитници во чопори гладни и премрзнати , а често поради тоа и агресивни, сеат страв и напаѓаат.
-Во Тетово постојат многу проблеми, кои со децении не се решаваат, но можам слободно да кажам дека овој е еден од најгорливите. Се работи за моја, но и за безбедноста на моите деца. Ги има кучињата скитници речиси во секое тетовско мало. Напаѓаат и нормално дека ќе бидат агресивни, ако се оставени сами на себе, без храна. Ова не е хумано, ниту за нив, ниту пак за граѓаните, вели една жителка на Тетово.
Дека состојбата со кучињата скитници во Тетово е алармантна, говорат и полициските билтени, каде се почесто може да се прочита за напади од кучиња скитници.

Во Тетово во неколку наврати се третираа кучињата скитници, но проблемот не се реши. Досега се заловени и истретирани, односно стерилизирани и вакцинирани околу 500 бездомни кучиња, но низ градот има уште толку, говорат проценките на ветеринарната амбулатна Дог Енд Кет од Тетово, која во неколку наврати ги има добиени тендерите за згрижување на уличните кучиња. Проблемот ќе се одолжува и никогаш нема да се реши, ако не се пристапи регионално, но и да се обезбеди поголема сума на пари за третирање на кучињата скитници, додаваат оттаму.

-Постојано се носат кучиња скитници од други општини, а околните рурални општини од тетовскиот регион немаат никакви активности за згрижување на кучињата скитници, па така овие бездомни животни си преминуваат од една во друга соседна општина. Затоа мора заеднички да настапиме сите полошки општини и мора да се има регионален пристап за конечно решавање на проблемот, рече Рами Селмани доктор по ветеринарна медицина, кој со години работи на згрижување на кучињата скитници.

Инаку градоначалникот на Тетово Биљал Касами, неодамна најави регионално третирање на кучињата скитници, а како локација ја посочи Општина Брвеница.