Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочанските оризопроизводители ја завршија жетвата, но продолжија да ги палат стрништата

/

пред 1719 дена

Сподели преку :

Кочанските оризопроизводители ја завршија жетвата, но се вратија на старите навики и покрај бројните апели да не се палат стрништата. Кочанските пожарникари и доброволци вчера имале тешка битка со огнот во атарите на неколку села. Опожарени  се десетина хектари стрништа и помалку од половина хектар лозје. Тринаесет пожарникари и уште толку доброволци повеќе од три часа се бореле  со огнената стихија.  Спасена е викендица во селото Кучичино, а спречено е пожарот да не дојде и до селата.

Екологистите постојано алармираат дека кочанско поле е пале, а воздухот се загадува. Жителите на Кочани и ова зимо дишат шкрги од депонија, намерно палење на гуми, фабрички капацитети, а сега и од стрништата. Со години никој не може да се справи со старите навики на земјоделците иако агрономите кои имаат и неколку децениско искуство ги советуваат дека палењето на стрништата е штетно за почвата.

Имаше иницијативата земјоделците кои ги палат стрништата да го изгубат правото за исплата на субвенции, како по пример во некои од европските земји. Лани од палењето на стрништата изгореа 500 хектари лозја, овоштарници, житни култури, а беа загрозени и Пречистителната станица во Мојанци, како и бензински пумпи. Дополнителен проблем е што пожарникарите по полските патишта низ нивите ги уништуваат и така стари.

Викторија Јованова