Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонреден попис на свињи во делчевскиот регион по појавата на африканската чума во овој дел од земјава

/

пред 1718 дена

Сподели преку :

Во делчевскиот регион во радиус од 10 километри од местото каде што се појави африканската свинска чума во тек е пописот, но и утврдување на нерегистрирани одгледувалишата на домашни свињи.

Регионалниот инспектор Ванчо Новоселски за Телма вели дека очекува овој вонреден попис да заврши утре, а се очекува првичната бројка од 740 да се зголеми и да изнесува околу 1.000 свињи на оваа територија.

Потоа ќе почнат и клиничките прегледи и тестирања на свињите, кои во рок од 24 до 48 часа треба да покажат дали има или не африканска свинска чума.

Доколку резултатите се негативни ќе бидат транспортирани во кланици, а доколку се позитивни тогаш се уништуваат во специјална јама.