Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ од утре ќе управува со топлинската енергија во Скопје

/

пред 1718 дена

Сподели преку :

ЕСМ од утре го превзема управувањето со топлинската енергија во Скопје. Попладне на владина седница, ЕСМ треба да го достави Предлог-договорот за соработка со БЕГ. Од утре до крајот на грејната сезона, ЕСМ ќе управува со БЕГ снабдување, дистрибуција и производство. Министерот за економија Бектеши, вели дека ако има потреба дополнително ќе се вбризгуваат пари во ЕСМ. Но уверува дека греењето ќе биде продолжено до еден часот по полноќ.

Греењето нема да биде скратено. До 1 по полноќ ќе работи. Температурата согласно правилата за снабдување кои ги следи Регулаторната комисија за енергетика, мора да биде минимум 20 + 1 степен, рече Бектеши..

Од Град Скопје и денеска повторија дека тие нема да учествуваат со финансиска поддршка во снабдувањето со топлинска енергија, во Скопје.

Буџетите во општините се на ниско ниво, поради тоа што се презадолжени од минатата власт која раководела со поголемиот дел од локалните самоуправи. Така што не верувам дека општините се тие кои што треба да сносат одговорност и за тие 20 % кои што треба да се доплатат, изјави Даниел Апостоловски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

Препукувањата на релација власт-опозиција, за снабдувањето со топлинска енергија продолжуваат. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека поскапувањето е резултат на неспособноста на владата, додека од СДСМ возвратија дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму прави блокади, а градоначалничката Арсовска се прогласува за нанедлежна, наместо да им помогне на граѓаните.

Сотир Трајков