Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

30-годишна бремена жена меѓу ковид жртвите

/

пред 1718 дена

Сподели преку :

30 –годишна бремена жена е меѓу жртвите кои во изминатото деноноќие не се изборија со ковидот.

Од Министерството за здравство за Телма информираат дека жената била во петиот месец од бременоста, била позитивна на ковид и примена на Инфективната клиника.

Но, по девет дена од лекувањето состојбата и се влошила. И покрај дадената терапија, развила многу тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација, по што била префрлена на Килината за анестезија и реанимација, каде понатаму е лекувана.

Но, и покрај дадената терапија, состојбата постојано се влошувала и пациентката во текот на вчерашниот ден починала.

Над илјада нови позитивни на ковид, најмладиот починат има 30 години