ЕСМ го достави договорот до Владата, оттаму вечерва го одобрија. Иако, најавија дека ќе го објават документот, и граѓаните ќе имаат увид колку пари ќе не`чини кризата со топлинската енергија, сепак деталите се` уште не се достапни за јавноста. Владата вечерва одлучи и на ЕСМ да и` даде уште 10 милиони евра за домашно производство на струја и за набавка на мазут за ТЕЦ неготино.











