Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минчев: Бугарскиот премиер ќе дојде во Народното собрание да објасни за руското барање НАТО да се повлече од Бугарија и Романија

/

пред 1717 дена

Сподели преку :

Претседателот на бугарското Народно собрани, Никола Минчев, денеска најави дека премиерот Кирил Петков ќе дојде меѓу народните избраници за да биде сослушан од нив на барање на пратеничката група на ГЕРБ-СДС.

Поради руското барање НАТО да се повлече од Бугарија и Романија, ГЕРБ побара во парламентот да бидат сослушани премиерот Кирил Петков, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за одбрана Стефан Јанев.

Во соопштението кое го прочита пратеникот Данијел Митов, се вели дека Бугарија е дел од политичкиот простор кан когошто Москва одамна нема ни контрола ни влијание. Ваквите провокации значат дека итно Руската федерација треба да ги преиспита сигналите на агресија кои ги испраќа кон надворешниот свет и да ги прифати повиците на сите земји од европскиот регион на деескалација и воздржување од политиката на мафтање со оружјето.